октомври 15, 2020

Кампања по повод Недела на борба против гладта

Црвениот крст на Република Северна Македонија по повод Неделата на борба против гладта, од 16 до 22 октомври организира кампања под мотото „Помислете и на нас“. Со кампањата, како и со многу други хуманитарни активности, Црвениот крст на РСМ дава придонес во севкупните напори кои се преземаат во државата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклучениот на граѓаните. Во рамките на кампањата се организираат хуманитарни акции за обезбедување донации во парични средства и храна во соработка со стопанските комори во Република Северна Македонија, во соработка и поддршка  на компании, здруженијата на граѓани, и  граѓани. Активностите за кампањата се имплементираат преку општинските организации на Црвен крст и Црвениот крст на град Скопје.

Донациите можат да се уплатат на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РСМ 300000001327966 Даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка Скопје, како и 100 денари преку мобилните телефонски броеви: 070/075/077 143 400. Донираните средства од хуманитарните акции ќе бидат наменети за обезбедување на храна за помош на ранливи целни групи на население во заедниците во земјата.  

< врати се назад