октомври 14, 2019

Кампања по повод Недела на борба против гладта, 16-22 октомври

Црвениот крст на Република Северна Македонија по повод Неделата на борба против гладта организира кампања под мотото „Помислете и на нас“. Со кампањата, како и со многу други хуманитарни активности, Црвениот крст на РСМ дава придонес во севкупните напори кои се преземаат во државата за намалување на сиромаштијата и социјалната исклучениот на граѓаните, како една од главните цели на стратегијата, документ  кој ја отсликува интенцијата на Република Северна Македонија за изедначување на степенот на вклученост и добросостојба низ сите слоеви од општеството.

Во рамките на кампањата се организираат хуманитарни акции за обезбедување донации во парични средства и храна во соработка со стопанските комори во Република Северна Македонија, во соработка и поддршка  на компании, со  образовно – воспитните институции, здруженијата на граѓани, и  граѓани. Овие активности ќе се имплементираат во текот на Неделата од 16 до 22 октомври 2019 година преку општинските организации на Црвен крст и Црвениот крст на град Скопје.

Донациите можат да се уплатат на сметката на Фондот на солидарност на Црвениот крст на РСМ 300000001327966 Даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка Скопје, како и 100 денари преку мобилните телефонски броеви: 070/075/077 143 400.

Донираните средства од хуманитарните акции ќе бидат наменети за обезбедување на храна за помош на ранливи целни групи на население во заедниците во земјата.

< врати се назад