Kлуб за лица со телесен инвалидитет
Во рамките на Проектот Унапредување на положбата на лицата со телесен инвалидитет, имплементиран од страна на Црвен крст на Република Македонија Општинска организација Виница, на 09.04.2015 година во просториите на спомен домот во Виница свечено беше пуштен во употреба Kлубот за лица со телесен инвалидитет. Проектот беше поддржан од страна на Алијанс Уан Македонија. На отворањето беа присутни генералниот секретар на Црвен Крст на Република Македонија, г-дин Саит Саити, раководителот на Алијанс Уан Македонија, г-дин Харизан Митрев и градоначалникот на Општина Виница г-дин Емил Дончев.
Свеченоста ја отвори кординаторот на проектот Борислав Евтимов кој накратко се осврна за значењето на истиот.
Генералниот секретар г-дин Саит Саити им посака долговечна работа и многу активности во клубот. Меѓу другото го истакна значењето на проектот кој е позитивен пример на партнерска соработка и поддршка на општесвено корисни социјално – хуманитарни активности. Генералниот секретар посака во иднина да се продлабочи соработката помеѓу огранизациите и институциите вклучени во проектот. Г-дин Харизан истакна дека нивната компанија покрај гиржата за успешно работење, дава и особен придонес кон грижата на сите останати субјекти кои го сочинуваат општеството посебно ранливите категирии на граѓани. Градоначалникот г-дин Емил Дончев на лицата со телесен инвалидитет им посака добро дружење во новите простории кои одамна им недостасуваа.