август 23, 2022

КОНКУРС

Врз основа на верификација на посебната програма за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, Црвен крст на Република Северна Македонија – Црвен крст на град Скопје распишува:

К О Н К У Р С

за обука за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.

Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 23.08.2022 до 13.09.2022 година.

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

– Да се државјани на Р. С. Македонија;
– Да имаат над 18 години;
– Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
– Да имаат завршено минимум основно образование;
– Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица, и лица со попреченост;
– Да бидат мотивирани по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови при Црвен крст на град Скппје – Нега Центар.

НАПОМЕНА: Обуката за Негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост е сертифицирана. Истата се спроведува во рамките на проектот: „Поддршка за инклузивен развој на услуги за долгорочна грижа во заедниците преку инкпрпорирање на партиципативни пристапи на различни чинители“(InCARE), koфинансиран од Европската унија.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: skopje.negacentar@redcross.org.mk ; тел. 070 352 246 .
Секој заинтересиран кандидат ќе биде повикан на индивидуално интервју.

< врати се назад