Конкурс за негувател/ка на стари и немоќни лица
Сертифицирана обука за негувател/ка на стари и немоќни лица повторно започнува од Октомври
Се повикуваат сите заинтересирани лица кои сакаат да посетуваат обука и да се стекнат со верификуван сертификат да аплицираат во периодот од 04.10.2018 до 14.10.2018 година.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
– Да се државјани на Р. Македонија;
– Да имаат над 18 години;
– Да имаат општа психо-физичка способност за работа;
– Да имаат завршено минимум средно образование;
– Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица.
Заинтересираните кандидати можат да се пријават на е-маил: skopje.negacentar@redcross.org.mk ; тел. 070 352 246 или во просториите на Црвен крст на Република Македонија на бул. „Кочо Рацин“ бр. 13, 1000 Скопје