јули 25, 2024

Летен младински камп

Во период од 18 до 24 јули 2024 година во Струга се реализираше национален летен младински камп „100% Црвен крст“ во организација на Младите на Црвениот крст на Република Северна Македонија. На истиот земаа учество претставници од 31 Клубови на млади од територијата на РСМ.

Целта на кампот беше зајакнување на капацитетите на новоизбраните раководни структури во Клубовите на млади. Преку сет од обуки и работилници младите се стекнаа со знаења и вештини за организирање на младите во своите клубови, одржување на состаноци, креирање на активности, ефективно пренесување на информации, подобро запознавање со структурата и активностите на националното друштво, поднесување на иницијативи на локално и национално ниво, запознавање со релевантни документи кои ја уредуваат работата на младите во рамките на Движењето и Националното друштво.

Младинскиот камп претставува голема можност за сите млади да се стекнат со вештини, да добијат неизмерна мотивација за работа а и секако во целиот процес да се стекнат со пријателства и сеќавања вредни за паметење.

< врати се назад