јули 18, 2017

Логистичка поддршка на ИАЕСТЕ Македонија – Галичка свадба

Црвен крст на Република Македонија традиционално веќе 9-та година логистички ги придружува ИАЕСТЕ Македонија (International Association for Exchange of Students for Technical Experience) која е меѓународна организација за размена на студенти од техничките факултети. ИАЕСТЕ Македонија секоја година ги запознава практикантите со македонската култура и традиција и по тој повод организира разни активности.

Една од тие активности е викендот што ИАЕСТЕ Македонија го организираше по повод Галичка Свадба. На 15 и 16 јули 2017 се организираше кампување на земјиштето кај игралиштето во Галичник, на кое што беа присутни 30 студенти од Македонија и странство. Црвен крст на Република Македонија обезбеди логистичка поддршка во сместување и парамедик за прва помош обезбедување за студентите присутни на настанот. Настанот помина во најдобар ред и без посериозни интервенции.

< врати се назад