Меѓународна обука за вода и санитација и промоција на хигиена, Дојран 2015
Во периодот од 27.06 до 04.07, 2015 година Црвениот крст на Република Македонија во соработка со Австриски Црвен крст – ООЦК Штаер организираше обука за вода и санитација и промоција на хигиена во Центарот на Црвен крст на РМ во Дојран. На обуката учествуваа 25 претставници на Црвениот крст на РМ и 8 претставници на Австрискиот Црвен крст.
Во текот на седумдневната обука беа разработувани содржини за обука на станица за прочистување на вода ТWA6, како што се лабораториско тестирање на вода, обука за санитација и промоција на хигиена, дистрибуција на вода и процена на терен за обезбедување на водни ресурси. Обуката ја спроведоа искусни лиценцирани инструктори за прочистување на вода од Австриски Црвен крст и Црвен крст на РМ. Сите учесници успешно ја поминаа обуката и добија сертификати за оспособени кадри за работа на станица за прочистување на вода ТWA6.
На 2 јули 2015 година обуката ја посети генералниот секретар на Црвениот крст на РМ, д-р Саит Саити при што имаше можност поблиску да се запознае со разработените содржини. При тоа оствари средба со г.дин Волганг Штокл, претставник на Австрискиот Црвен крст на кого му беше изразена благодарност за обезбедената поддршка за организација на обуката а исто така се дискутираше за унапредување на соработката на двете национални друштва на планот на подготвеност и дејствување при катастрофи.