февруари 19, 2014

Меморандум за соработка

ckrm1902

Црвен крст на Република Македонија г-дин Саит Саити и Агенција за млади и спорт, г-дин Марјан Спасески на 19.02.2014 година потпишаа меморандум за соработка со желба да се обезбеди координација во делувањето помеѓу двете организации за реализација на програми за промовирање на волонтерството и програми од областа на крводарителство, здравствено- превентивната дејност, укажување на прва помош, социјално – хуманитарната дејност, подготвеност и дејствување во случај на катастрофи, дисеминација на знаењата за Црвениот крст и Меѓународното хуманитарно право и спортот (промовирање и унапредување на спортот кај младите со цел подобрување на општото здравје и на членовите на Црвениот крст), имајќи ги во предвид пред сé потребите на ранливите категории на граѓани

< врати се назад