На 23.05.2014 година од магацинот во Момин поток тргнаа 2 шлепери хуманитарна помош со 44.232 кг – во вредност од 1.113.900 ден или 18.111 евра за настраданото население од поплавите во Србија.
Почитувани,
На 23.05.2014 година од магацинот во Момин поток тргнаа 2 шлепери хуманитарна помош со 44.232 кг – во вредност од 1.113.900 ден или 18.111 евра за настраданото население од поплавите во Србија. Целокупната активност е во координација со Црвениот крст на Србија и со учество на амбасадата на Република Србија во РМ
Горе наведената помош е дел од помошта обезбедена од индивидуални донации на граѓаните на РМ, донации од фирми и компании и залихите на Црвениот крст на РМ. Логистичка поддршка за транспортот на хуманитарната помош дава Владата на РМ.
Црвениот крст на РМ, апелира во корист на усшешна, ефикасна и рационална реализација на хуманитарната акција граѓаните во моментов (до следната проценка на состојбата на терен) да се воздржат од донирање на било каков вид на облека и обувки, бидејќи се задоволени потребите на настраданото население во полавените подрачја на двете држави.
Согласно новите проценки на потребите на населението во загрозените подрачја на двете држави од помош би биле донациите во средства за хигиена и средства за дезинфекција. Понатамошните донации на граѓаните (доколку сакаат) да се состојат во горенаведените производи.
Дополнителна пратка на хуманитарна помош за настраданото население во подрачјата зафатени од природната катастрофа Црвениот крст на РМ ќе ја организира во почетокот на наредната недела и тоа 2 шлепери за Србија и 4 шлепери за Босна и Херцеговина .
Црвениот крст на РМ упатува апел до сите заинтересирани кои и понатаму сакаат да помогнат тоа да го сторат преку:
- Парична помош преку уплата на жиро сметка Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
- Донирање на 100 денари со повик на телефоните :075/070/077 143 400
- Материјална помош исклучиво во средства за хигиена и дезинфекција, постелнина и ќебиња (нови), долен веш (нов).