мај 26, 2014

На 26.05.2014 година од магацинот во Момин поток тргнаа 5 шлепери хуманитарна помош со 120 тони…

Почитувани,

На 26.05.2014 година од магацинот во Момин поток тргнаа 5 шлепери хуманитарна помош со 120 тони во вредност  од47.519 евра за настраданото население од поплавите во Србија и 4 шлепери хуманитарна помош со 100 тони во вредност од 43.295 евра за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина.

 

Целокупната активност е во координација со Црвениот крст на Србија и Босна и Херцеговина и со учество на амбасадата на Република Србија и амбасадата на Босна и Херцеговина во РМ.

Горе наведената помош е дел од помошта обезбедена од индивидуални донации на граѓаните на РМ, донации од фирми и компании и залихите на Црвениот крст на РМ. Логистичка поддршка за транспортот на хуманитарната помош дава Владата на РМ.

 

Дополнителна пратка на хуманитарна помош за настраданото население во подрачјата зафатени од природната катастрофа, Црвениот крст на РМ ќе ја организира кон крајот на неделата или во почетокот на наредната недела.

< врати се назад