мај 31, 2016

Национален состанок на мрежата на граѓански организации за социјална инклузија на старите лица

Црвениот крст на Република Македонија и Хуманост во рамките на Регионалниот проект „Преземање на акција за социјална инклузија на старите лица“, финансиран од Европската Унија, организираат Национален состанок, кој ќе се одржи од 1 до 3 јуни 2016 година во центарот „Солферино“ во Струга. Целта на националниот состанокот е да се подготви стратешки план за работа на мрежата на граѓански организации за социјална инклузија на старите лица.

Националниот состанок ќе го отвори Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ д-р Саит Саити, како и Мери Т. Павловска заменик претседателот на здружението Хуманост.

На состанокот ќе  учествуваат претставници на граѓанските  организации кои ќе бидат членови на мрежата, како и претставници на владини институции, УН организации во Македонија, а се очекува да биде присутен и претставник на делегацијата на Европската Унија во РМ.

На Националниот состанокот ќе биде презентиран извештајот од направената анализа на ситуацијата во Македонија на стратешки документи, политики кои го третираат прашањето за стареење на населението во Македонија, како и капацитетите на граѓанските организации во земјата за застапување, врз основа на кој ќе се подготви стратешкиот план за работа на мрежата.

Untitled-7

Проектот е финансиран

од Европската Унија

< врати се назад