Настан за претставување на извештајот од спроведена евалуација на симулацсиката вежба „Хуманитарен одговор 2023“
Црвениот крст на РСМ на денешниот настан организиран во х. Хилтон, го претстави Извештајот од спроведената евалуација на симулациската вежба „Хуманитарен одговор 2023“, подготвен од страна на Комисијата за мониторинг и евалуација.
На настанот се обрати Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити кој меѓу другото го истакна значењето на симулациската вежба во која учество земаа институциите на кризен менаџмент во државата
Во насока на продлабочување на соработката со универзитетите, Црвениот крст на РСМ на денешната средба потпиша меморандуми за соработка со Универзитетот Св. Кирил и Методиј“- Скопје, Универзитетот„Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот„Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот„Мајка Тереза“ – Скопје и Универзитетот во Тетово. Со потпишување на меморандумите се иницира воспоставување на Платформа за соработка со државните универзитети со цел да се споделуваат практики и научни достигнувања на експерти од соодветни области.
На настанот присутните имаа можност да ја разгледаат изложбата од фотографии од вежбовните активности преку кои се претставени капацитетите на Црвениот крст за одговор при итни ситуации.