Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Настан за претставување на извештајот од спроведена евалуација на симулацсиката вежба „Хуманитарен одговор 2023“

2023-12-21

Настан за претставување на извештајот од спроведена евалуација на симулацсиката вежба „Хуманитарен одговор 2023“

Црвениот крст на РСМ на денешниот настан организиран во х. Хилтон,  го претстави Извештајот од спроведената евалуација на симулациската вежба „Хуманитарен одговор 2023“, подготвен од страна на Комисијата за мониторинг и евалуација.

На настанот се обрати Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ д-р Саит Саити кој меѓу другото го истакна значењето на симулациската вежба во која учество земаа институциите на кризен менаџмент во државата

Во насока на продлабочување на соработката со универзитетите, Црвениот крст на РСМ на денешната средба потпиша меморандуми за соработка со Универзитетот Св. Кирил и Методиј“- Скопје, Универзитетот„Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот„Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот„Мајка Тереза“ – Скопје и Универзитетот во Тетово. Со потпишување на меморандумите се иницира воспоставување на Платформа за соработка со  државните универзитети со цел да се споделуваат практики и научни достигнувања на експерти од соодветни области.

На настанот присутните имаа можност да ја разгледаат изложбата од фотографии од вежбовните активности преку кои се претставени капацитетите на Црвениот крст за одговор при итни ситуации.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025