април 28, 2017

НАУЧЕНИ ЛЕКЦИИ ОД ПОПЛАВИТЕ ВО СКОПСКИОТ РЕГИОН

Во периодот 25-27.04.2017 година во хотел Солферино – Струга во рамките на проектот „Рано опоравување и отпорност“ поддржан од Австрискиот Црвен крст и Австриската развојна агенција се одржа работилница за научени лекции од поплавите кои се случија во Скопскиот регион на 6 август 2016 година. На работилницата претставници од локалните самоуправи, 6 основни училишта, центарот за управување со кризи, дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст, споделуваа искуства од имплементираните активности и дискутираа за координацијата и улогата на сите вклучени актери. На работилницата се заклучи потребата од подобрување на ефикасноста во одговорот за време на катастрофа особено во делот на координацијата, комуникацијата  зајакнување на капацитетите и подигање на свеста во јавноста.

< врати се назад