февруари 8, 2024

#NotAlone

Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина во 2024 година започнa голема кампања #NotAlone. Пораката е дека мигрантите, бегалците и сите лица кои заминуваат, бегаат, се движат, не се оставени, и не треба да бидат оставени сами. Националните друштва со своите волонтери и професионалци ширум светот се тука, за да ги поддржат луѓето во движење.

Секој има своја приказна, свои соништа и надежи. Важно е да учиме едни за други. Ајде да ја слушнеме приказната на некој друг и да започнеме ново поглавје заедно.

Еве ја приказната на Хазрад. Приказна на човек кој бега од војната и засолниште наоѓа во нашата земја. Човек која ја носи униформата на Црвениот крст и ни помага во нашата работа.

Видео и приказна А.Ристовски

Монтажа ИФРЦ

 

< врати се назад