јануари 27, 2015

НОВ ЦКА-ПХВ ЦИКЛУС

cka-phv

Во јануари 46 претставници од Општинските организации станаа ПХВ дисеминатори во циклусот за 2015 година. Истите се избрани од страна на Општинските организации на Црвен крст, дел од нив се од минатата година, а дел од нив за прв пат ќе менаџирaат група на млади кои ќе изработуваат мали проекти на терен.  Дисеминаторите се здобија со основни знаење за програма вклучувајќи ги целите, мисијата и овогодинешниот циклус. Истите добија и обука по која понатаму дисеминаторите на унифициран начин ќе ги обучат 1200-те младинци, кои ќе бидат дел од овогодишниот циклус за принципите на Црвениот крст, амблемот, конвенциите и компонентите на Движењето. По нивната обука ќе следува обука од страна на ЦКА-ПХВ инструкторите за начини на изработка на малите проекти, а третата, последна обука, како да се документираат проектите ќе следува од страна на дисеминаторите. Програмата е алатка за регрутирање и задржување на волонтери во редовите на организацијата, има за цел да ја промовира културата како систем од вредности, промовира активен пристап кон животот и ги зајакнува локалните капацитети.Оваа година во програмата ќе бидат вклучени младите од бегалската заедница од Косово, ученици од училиштето за деца со оштетен вид  “Димитар Влахов” и старите лица, корисници на Дневниот центар за стари лица од Скопје. ЦКА-ПХВ програмата оваа година има изменета временска рамка, циклусот започнува од месец јануари, обуките завршуваат до месец март, во месеците април и мај планирано е да се изработуваат малите проекти, а двете финални работилници ќе се случуваат во месец  јуни.Оваа година програмата е поддржана од страна на Норвешка амбасада во Србија, од Црвен крст на Р.Македонија и преку котизација од Општинските организации вклучени во програмата.

< врати се назад