Нов концепт за доброволно крводарителство
Во периодот од 02 до 04 декември 2022 година во Центарот за едукација Солферино во Струга ,се оддржа семинар за нов концепт за доброволно крводарителство во РСМ. На семинарот учествуваа преставници од Општинските организации на Црвен крст, Црвен крст на град Скопје, Министерство за здравство, Институт за трансфузиона медицина и членови на Клубот на крводарители.
На семинар беа обработени темите: Ретроспектива и историјат на крводарителството во РСМ, Процес на Трансформација 28 и Нов концепт за доброволно крводарителство и Кампања за социјални медиуми со лучни пораки.
На крај учесниците има можност да споделат искуства и практични примери од разни средини, и да донесат важни заклучоци за натамошната работа како мотиватори за доброволно крводарителство.