април 11, 2019

Обучени мултипликатори за психолошка прва помош и психосоцијална поддршка

Во периодот 05-07,04,2019 година во Центарот за обука на кадри „Солферино“ во Струга, се одржа работилница за обука на мултипликатори за во рамките на проектот „Психолошка прва помош и психо социјална поддршка во итни ситуации“ финансиски поддржан од Европската унија преку Австрискиот Црвен крст. На работилницата учествуваа вкупно 27 претставници од Централната канцеларија на Црвен крст на РМ, Црвен крст на град Скопје и  ООЦК Велес, Битола, Струга, Охрид, Куманово, Гостивар, Кичево, Струмица и Крива Паланка, кои имаа можност да стекнат знаења и вештини за активности во полето на психолошка прва помош, психо социјална поддршка и менаџмент со спонтани волонтерите. Обучените лица ќе бидат вклучени во спроведување на идни обуки за волонтери и вработени за дејствување во итни ситуации.

< врати се назад