мај 20, 2024

ОБУКА ЗА ДИСЕМИНАТОРИ

Новата генерација на дисеминатори е подготвена да ја прошири хуманата мисија на Црвен крст во заедницата.

Изминатиот викенд во тренинг центарот Солферино, Струга го инвестиравме во обука на нови дисеминатори кои се запознаа со историјата, целите, структурата и работата на Движењето на Црвениот крст.

Нашиот почетен таргет сега е да информираме над 1.500 млади а со тоа да поттикнеме интерес кај нив за вклучување во работата на Црвениот крст но и да изградиме позитивен систем на вредности.

Обуката е поддржана од Меѓународниот комитет на Црвен крст.

< врати се назад