јули 7, 2022

Обука за Ментално Здравје и Психосоцијална поддршка во кризи

Во периодот од 20.06.2022 до 24.06.2022 во склоп на Референтнион Центар за Психосоцијална Поддршка на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена Полумесечина во Копенхаген, Данска се реализираше обука за Ментално Здравје и Психосоцијална поддршка во кризи. На обуката присуствуваше претставник од Црвен крст на РСМ и претставници од различни Национални Друштва, и организации како UNICEF и DIGNITY.

Психосоцијалниот Референтен Центар преку креација на материјали, обуки и комуникација пружи поддршка на Националните Друштва за развивање на политики и процедури за психо-социјалната поддршка во кризи. Во текот на обуката присутните се стекнаа со знаења за проценка, планирање, евалуирање на програми засновани врз пристап кон заедницата при кризи, заштита на децата и ранливите категории во кризни услови, одржливи психолошки интервенции во кризи, Хобфол принципи за креирање на програми после кризни настани или катастрофи.

< врати се назад