февруари 6, 2024

Обука за ПХВ дисеминатори ПХВ циклус 2024 година

Овој викенд (03-04 февруари), во Скопје, се одржа обука за ПХВ дисеминатори. Обучени и мотивирани беа 37 дисеминатори предложени од страна на своите Општински организации на Црвен крст. За време на обуката беа присутни и 10 ментори кои низ процесот на изработка на малите проекти ќе им дадат поддршка на дисеминаторите.

Во наредиот период ќе бидат спроведени 111 обуки на кои 1 200 младинци ќе добијат обука за дисеминација, за изработка и документирање на малите проекти. Потоа, во период од 2 месеци, младите на терен ќе изработуваат мали проекти за добробит на заедницата. Се очекува изработка на повеќе од 150 мали проекти преку кои ќе им се помогне на повеќе од 3 000 лица.

Програмата Промоција на хумани вредности е Национална програма за регрутирање и задржување на волонтерите во редовите на Општинските организации на Црвениот крст. Функционира повеќе од 25 години во нашата држава и брои повеќе од 30 активни инструктори.

#phv2024 #млади #цкмлади

< врати се назад