октомври 20, 2016

ОБУКА ЗА ПРОЦЕДУРИ ВО ГОТОВИНСКИ ТРАНСФЕРИ

Во периодот  14-16.10.2016 година  во центарот за едукација на кадри во Солферино во Струга се одржа обука за процедури во работење со готовински трансфери. Работилницата беше одржана во рамките на проектот „Рано опоравување и отпорност“ со финансиска поддршка на Австрискиот Црвен крст и Австриската развојна агенција. На работилницата учествуваа вкупно 24 претставници од Црвен крст на Република Македонија, Црвен крст на град Скопје, општинските организации на Гази Баба, Центар, Битола, Охрид, Струга, Кочани и Неготино.

На оваа работилница учесниците имаа одлична можност да видат искуства од имплементација на слични проекти од страна на Австриски Црвен крст во Украина и Србија и подетално да добијат информации како полесно да се организираат во изведување и на теренските активности и на водење на документацијата и евиденцијата на податоците од корисниците. Особен акцент се стави на подготовка на прашалник за прибирање на податоци за корисниците како и истражување на задоволството од поддршката обезбедена од страна на Црвениот крст. Овие знаења можат да се применуваат во било која активност или проект кој опфаќа готовински трансфери до самите корисници.

 

< врати се назад