јуни 19, 2019
Обука за воспоставување семејни врски и дисеминација
Во период од 16 до 18 јуни 2019 година Меѓународниот комитет на Црвен крст во соработка со Црвен крст Србија реализираше обука за воспоставување семејни врски и дисеминација, во 3 прифатните центри за мигранти, во Шид, Србија. На самата обуката беа разгледани алатките за Воспоставување семејни врски ( формулари, начин на комуникација и практична постапка на регистрирање барања за спојување семејства) од ирегуларни мигранти при влез во прифатните центри. Претставниците на Меѓународен комитет на Црвен крст исто така ги истакнаа информаците за функционирањето на комуникациската платформа на Flextranet, и апликациите TTF, SFE и BO.