Обука за заштита и воспоставување семејни врски
Во рамките на проектот за заштита, поддржан од Меѓународниот Комитет на Црвен крст, на 31 октомври и 01 ноември 2018 година, во Струга се одржа обука наменета за надградба на капацитетите, на тема заштита и воспоставување на семејни врски. Обуката се одржа во соработка со Меѓународен комитет на Црвен крст – регионална канцеларија Белград која беше наменета за членовите на мобилните тимови на Црвениот крст на Република Македонија кои работат во прифатните центри во Табановце и Гевгелија и во пограничните подрачја.
На работилницата присуствуваа 21 учесници од Црвен крст на Република Македонија и четири претставници на Меѓународниот Комитет на Црвен крст. Содржините кои беа разработувани на работилницата беа: Општа правна рамка за заштита, работата на Црвен крст на РМ на полето на заштита и работа со притворени лица, воспоставување на семејни врски, односи со притворени лица и др. На работилницата беа исто така разработени и две студии на случај за реални ситуации поврзани со работата на службата за барање и воспоставување на семејни врски на Црвен крст на Република Македонија на терен.