Обуки за заштита и самозаштита во случај на катастрофи наменети за персонал во градинки и основни училишта
Црвен крст на Република Македонија, во рамките на Програмата за подготвеност и дејствување при катастрофи, со финансиска поддршка на УНИЦЕФ, во третата фаза од проектот се спроведоа 11 обуки ( во период август/септември ) за заштита и самозаштита во случај на катастрофи наменети за персонал во градинки и основни училишта, за претставници на 11 образовни институции кои што се поддржани со овој проект. На обуките присуствуваа вкупно 190 лица. Обуките се спроведоа во следните образовни институции: ЈОУДГ „Р.Ј Корчагин“ – објект Пинокио, општина Центар, ЈОУДГ „ Снежана“ – објект Џуџиња, општина Чаир , ЈОУДГ „ Весели Цветови“ – објект Синоличка, општина Кисела Вода , ЈОУДГ „ 25 Мај“ – објект Сонце, општина Гази Баба, ЈОУДГ „ Росица “ – објект Детелинка, општина Ѓорче Петров, ООУ „Крсте Мисирков“ – општина Куманово, ООУ „ Бајрам Шабани“ – општина Куманово, ЈОУДГ „ Анѓел Шајче“ – објект Пчелка, општина Куманово, ООУ „ Крсте Мисирков“ – општина Гевгелија, ООУ „Владо Кантарџиев“ – општина Гевгелија , ЈОУДГ „ Детска Радост“ – објект Цветови, општина Гевгелија
За време на обуките се разработија за општите карактеристики на катастрофите (природните и предизвикани од човекот), како и кои активности треба да се превземат пред, за време и по настанувањето на катастрофата. Подоцна во рамките на сесиите, учесниците имаа можност да го покажат стекнатото знаење преку практични вежби во кои врз основа на предадената материја наоѓаа решенија за одредени ситуации кои може да се случат. Дополнително, на учесниците им беа презентирани прирачници за намалување на ризици од катастрофи во градинки и основни училишта кои содржат материјал преку кои, персоналот може да го пренесе нивното стекнато знаење на децата од градинката. Исто така за време на работилницата се разработуваа и плановите за евакуација како и елаборатите за заштита и спасување направен конкретно за селектираните институции.