Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Обуки за заштита и самозаштита во случај на катастрофи наменети за персонал во градинки и основни училишта

2018-10-10

Обуки за заштита и самозаштита во случај на катастрофи наменети за персонал во градинки и основни училишта

Црвен крст на Република Македонија, во рамките на Програмата за подготвеност и дејствување при катастрофи, со финансиска поддршка на УНИЦЕФ, во третата фаза од проектот се спроведоа 11 обуки ( во период август/септември ) за заштита и самозаштита во случај на катастрофи наменети за персонал во градинки и основни училишта, за претставници на 11 образовни институции кои што се поддржани со овој проект. На обуките присуствуваа вкупно 190 лица. Обуките се спроведоа во следните образовни институции: ЈОУДГ „Р.Ј Корчагин“ – објект Пинокио, општина Центар, ЈОУДГ „ Снежана“ – објект Џуџиња, општина Чаир , ЈОУДГ „ Весели Цветови“ – објект Синоличка, општина Кисела Вода , ЈОУДГ „ 25 Мај“ – објект Сонце, општина Гази Баба, ЈОУДГ „ Росица “ – објект Детелинка, општина Ѓорче Петров, ООУ „Крсте Мисирков“ – општина Куманово, ООУ „ Бајрам Шабани“ – општина Куманово, ЈОУДГ „ Анѓел Шајче“ – објект Пчелка, општина Куманово, ООУ „ Крсте Мисирков“ – општина Гевгелија, ООУ „Владо Кантарџиев“ – општина Гевгелија , ЈОУДГ „ Детска Радост“ – објект Цветови, општина Гевгелија

За време на обуките се разработија за општите карактеристики на катастрофите (природните и предизвикани од човекот), како и кои активности треба да се превземат пред, за време и по настанувањето на катастрофата.  Подоцна во рамките на сесиите, учесниците имаа можност да го покажат стекнатото знаење преку практични вежби во кои врз основа на предадената материја наоѓаа решенија за одредени ситуации кои може да се случат. Дополнително, на учесниците им беа презентирани прирачници за намалување на ризици од катастрофи во градинки и основни училишта кои содржат материјал преку кои, персоналот може да го пренесе нивното стекнато знаење на децата од градинката. Исто така за време на работилницата се разработуваа и плановите за евакуација како и елаборатите за заштита и спасување направен конкретно за селектираните институции.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025