февруари 28, 2017

ОБУКИТЕ ЗА ЗАНАЕТ ОВОЗМОЖУВААТ УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

Во рамките на проектот „Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на труд“ во текот на изминатиот месец продолжи реализацијата на обуките за занает за 37 лица, а паралелно со тоа продолжуваат и работилниците за личен раст и развој. Проектниот тим е во постојан контакт со корисниицте за кои обезбедува психосоцијална подршка, но и во контакт со обучувачите со цел следење и поддржување на процесот на изучување на занаетите доколку се јават потешкотии при  реализацијата на обуките.

На крајот на месец Февруари завршува обуката за три занаети кои беа во времетраење од 3 месеци: шминка и декорација на нокти, декорација и уредување на простор и рачно везење и плетење. Вкупно 9 кандидати во текот на месец Март ќе полагаат завршен испит и ќе се здобијат со сертификат за соодветниот занает, а на некои од нив ќе им биде презентирана програмата за самовработување и истите ќе можат да ги искористат мерките кои ги нуди агенцијата.

Една од успешните приказни од завршување на занаетите е онаа на корисничката која ја завршува обуката за рачно везење и плетење.  Станува збор за самохрана мајка со големо работно искуство зад себе, таа изминатите неколку години постојано барала работа но без успех. Единствен приход со кој располага корисникот е социјалната парична помош која во моментот е прекината. Таа е задоволна и благодарна за укажаната можност за посета на обуките за занает со кои била во можност да се доквалификува, но и за работилниците за личен раст и развој кои и помогнале при зајакнување на личните потенцијали и при интегрирање и зголемување на капацитетите за функционално реагирање и справување со секојдневните проблеми.

 Корисникот покрај тоа што го изреализира потребниот фонд на часови, самоволно се ангажиараше дополнително, како би се стекнала со поголемо искуство и со подобро совладување на занаетот. Обучувачот е задоволен од нејзината посветеност, редовност и одговорност и планира во иднина и работно да ја ангажира корисничката.

Проектот се имплементира од страна на Црвен крст на Република Македонија , Црвен крст на град Скопје во партнерство со Занаетчиска комора на град Скопје, истиот е финансиран од  страна на Европската Унија во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4).

< врати се назад