март 17, 2023

Одбележани 78-годишнината на Црвен крст и Денот на крводарителството

Оваа година Црвен крст на Република Северна Македонија прославува 78 годишен од основањето на Организацијата и 28 години од полноправно членство во Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Со свечен настан денеска во хотел Хилтон – Скопје беше одбележувањето на 78-годишнината на Црвен крст на Република Северна Македонија и Денот на крводарителството.

На настанот присутни беа петседателот на Црвениот крст на Република Северна Македонија, проф. д-р Ромел Велев, министерот за здравство Др.Фатмир Меџити,директорот на ИТМ, крводарители, волонтери и други гости.

Претседателот на Црвениот крст на Република Северна Македонија, проф. д-р Ромел Велев истака дека плодната и континуирана соработка со Институтот за трансфузиона медицина, со поддршка на Министерството за здравство е во постојан подем и заедно правиме напори да бидеме во чекор со новите трендови давајќи заеднички придонес за успешната реализација на годишната Програма за организирање и унапредува на крводарителството во нашата земја.Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на мотивациските аспекти на полето на крводарителството, со цел да влијаеме на мобилизирање и задржување на доброволните и неплатени крводарителства. Посебен акцент во иднина ќе ставиме на промовирање на новите форми на врсничка едукација во образовните институции и едукација и оспособување на повеќе едукатори за мотиватори и доброволно крводарителство.

Според министерот за здравство Др.Фатмир Меџити, овој датум поврзан со историскиот развој на Црвениот крст кој кај нас е потсетување за сите изминати 78 години делување, волонтерска ангажираност, помош и поддршка во заедницата.Преку чинот на дарување крв и во еднина ќе се стремиме кон напорите за обезбедување крв и крвни продукти за задоволување на потребите на здравствениот систем во Република Северна Македонија, со што ќе се придонесе за градење на стабилни заедници. Црвениот крст е секогаш во служба на граѓаните, посветени на нив и на потребите во заедницата во која дејствувате. Вашата ангажираност е позитивен пример препознаен од сите нас.

< врати се назад