Одбележување на Недела на борба против ХИВ/СИДА (01-07 декември 2023г.)
Црвениот крст на Република Северна Македонија, во периодот од 1-7 декември 2023 година согласно календарот на традиционални активности ќе ja одбележи Недела на борба против ХИВ/СИДА, под мотото “Глобарна солидарност, заедничка одговорност ”.
ХИВ е вирус кој предизвикува хумана имунодефициенција. Присуството на ХИВ вирусот во човечкиот организам доведува до уништување на одбрамбената способност (имунитетот), поради што организмот станува неспособен да се брани од различни болести и инфекции. Од сите инфицирани лица во светски рамки (37,9 милиони лица), 1,7 милиони се деца на возраст под 15 години, 32 милиони лица починале од причини поврзани со ХИВ/СИДА и повеќе од 50% од лицата кои живеат со ХИВ примале анти-ретровирусна терапија (АРТ).
Во рамките на Неделата Општинските организации на Црвен крст ќе преземат активности со цел заеднички да придонесеме за подигнување на јавната свест кај младата популација преку спроведување на едукативни врснички работилници во средните училишта, изработка на кратки едукативни видеа со пораки за превенција од ХИВ инфекција, споделувања на информации и постери на социјалните медиуми и други активности.