декември 3, 2024

Одбележување на Недела на борба против ХИВ/СИДА (01-07 декември 2024г.)

Црвениот крст на Република Северна Македонија, во периодот од 1-7 декември 2024 година согласно календарот на традиционални активности ќе ja одбележи Недела на борба против ХИВ/СИДА, под мотото “Заедно во борба против ХИВ/СИДА”.

ХИВ останува да биде значајно глобално здравствено прашање. Во 2023 година се забележани 1,3 милиони нови инфекции со ХИВ. Сексуалното здравје и права се од суштинско значење за постигнување на човековите права, доброто здравје и целокупната благосостојба, особено за луѓето кои живеат со ХИВ или се изложени на ризик од ХИВ инфекција.

Во рамките на Неделата, Општинските организации на Црвен крст ќе преземат активности со цел заеднички да придонесеме за подигнување на јавната свест кај младата популација преку спроведување на едукативни врснички работилници во средните училишта, изработка на кратки едукативни видеа со пораки за превенција од ХИВ инфекција, споделувања на информации и постери на социјалните медиуми и други активности.

< врати се назад