Oдбележување на Недела на борба против срцевосадови заболувања од 21 до 28 февруари 2024 година
Црвениот крст на Република Северна Македонија, во периодот од 21 до 28 февруари 2024 година ќе ја одбележи Неделата на борба против срцевосадови заболувања, под мотото “Здрави животни навики во борба против срцевосадови заболувања”.
Болестите на срцето и крвни садовите садови претставуваат голема хетерогена група на заболувања и водечка причина за смрт во Република Северна Македонија. Според податоците на Институтот за јавно здравје повеќе од 57 % од смртните случаи во Република Северна Македонија се последица на срцевосадови заболувања.
По повод одбележување на Неделата на борба против срцевосадови заболувања општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје ќе реализираат едукативни предавања, трибини, мерење на крвен притисок и споделување на објави на социјалните мрежи. Како целна група за овие едукативно превентивни активности ќе бидат лица на возраст од 35-55 години кои претставуваат ризична група за развивање на срцевосадови заболувања.