Одбележување на Недела на борба против туберкулоза (14-21 септември)
Црвениот крст на Република Северна Македонија во периодот од 14-21 септември 2024 год. ќе ја одбележи Неделата на борба против туберкулоза. На овој начин сакаме да ја подигнеме јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберкулозата (ТБ) и да го поттикнеме забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на ТБ.
Туберкулозата и понатаму останува смртоносен убиец во светот. Секојдневно над 4000 луѓе го губат животот од ТБ, а близу 30 000 луѓе се разболуваат од оваа болест која може да се превенира и излекува.
Овогодинешното мото за одбележување на Недела на борба против туберкулоза на Црвен крст на Република Северна Македонија е: “Да ставиме крај на ТБ„. Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје во рамки на неделата ќе организираат работилници, ќе споделуваат објави на социјалните медиуми и многу други промотивни активности за подигнување на јавната свест за превенција и навремено дијагностицирање на туберкулозата.