Одбележување на Неделата на борба против ракот 01-08 март 2024 година
Согласно календарот на традиционални активности на Црвен крст на Република Северна Македонија од 01 до 08 март 2024 година ќе ја одбележи Неделата на борба против ракот под мотото ‘‘Раната детекција спасува живот,,.
Секоја година во светот заболуваат над 12 милиони луѓе од некој вид на рак, а 7,6 милиони умираат како последица на болеста. Во Република Северна Македонија, секоја година се откриваат околу 6.000 нови случаи на заболени од рак. Овие бројки се навистина застрашувачки и алармантни. Експертите од Меѓународната унија за рак и СЗО нагласуваат дека приближно 40% од карциномите можат потенцијално да се спречат и ризикот од развој на ракот може значително да се намали со примена на едноставни превентивни мерки и промена на животните навики.
Во рамките на Неделата Општинските организации на Црвен крст ќе преземат активности со цел заеднички да придонесеме за подигнување на јавната свест кај општата популација преку спроведување на едукативни работилници за различни целни групи како и споделување на објави на социјалните мрежи со пораки за превенција и навремено дијагностицирање на рак.