Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Одбележување на Светскиот ден на волонтерството – 5 декември

2021-12-03

Одбележување на Светскиот ден на волонтерството – 5 декември

Волонтерското дејствување е важен аспект од работата на Црвениот крст на Република Северна Македонија, и има континуиран развој во текот на постоењето на организацијата. Волонтирањето е клучно за нашиот организациски модел и ни овозможува директна и блиска врска со заедниците и социјално, развојно и хуманитарно дејствување. Затоа нашата организација прави посебни напори да го негува и промовира волонтерството.

По повод Светскиот ден на волонтерството, Црвениот крст на РСМ организираше пригоден настан на 3-ти декември  во хотел DoubleTree by Hilton Скопје со цел да се оддаде признание за придонесот на волонтерите на Црвен крст. Настанот беше одбележан под мотото “Хероите меѓу нас – Незапирливи” асоцирајќи на посебните напори на нашите волонтери кои делуваат понекогаш и во исклучителни околности обезбедувајќи поддршка и помош за различни целни групи погодени од итни состојби и ризици.

На настанот пригодно обраќање имаше Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, д-р Саит Саити кој зборуваше за значењето на волонтерството во државата и во Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина а беше прочитана и порака од г.дин Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија кој срдечно се заблагодари за придонесот на волонтерите на Црвениот крст.

По повод  Светскиот ден на волонтерството, Црвен крст на РСМ додели 11 Благодарници на волонтери на Црвениот крст на РСМ кои дале посебен придонес во реализацијата на целите и задачите на националното друштво во 2021 година. Благодарниците беа доделени од страна на г.ѓа Елизабета Ѓоргиеска, сопруга на Претседателот  на РСМ, г.дин Стево Пендаровски и генералниот секретар на Црвен крст на РСМ, д-р Саит Саити.

На настанот исто така имаше изложба на постери со мотиви од работата на волонтерите на Општинските организации Црвен крст и Црвен крст на град Скопје.

На 3-ти декември беа организирани различни активности и на општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје ширум државата со цел да се подигне свеста за значењето на волонтерскиот придонес во локалните заедници.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025