ОДРЖАН 23-от ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ
На 20 септември 2014 одина во Куманово се одржа 23-от Државен натпревар на екипите по прва помош. Годинешниот натпревар по прва помош се одвиваше под мотото “Првата помош во секојдневните несреќи и катастрофи”, на кој учествуваа 25 екипи од ООЦК и 1 ревијална екипа од ГО на Црвен крст Ниш – Република Србија. Натпреварот имаше за цел да ја промовира првата помош кај младата популација, нагласувајќи ја хуманата компонента која е од непроценливо значење за обезбедување на безбедно секојдневие.
Натпреварот се одржа на две замислени траектории кои содржеа по 4 работни места во кои беа симулирани 12 повредеи и 1 реанимација за срцево-белодробно оживување, на 2 работни места се одвиваа игри од забавно-рекреативен карактер и на едно работно место имаше натпреварувачки карактер од областа на дисиминацијата.
Најуспешна беше екипита на ООЦК Центар која го освои првото место со 942 бодови, второпласирана беше екипата на ООЦК Кисела Вода со 940 бодови, третопласирана беше екипата на ООЦК велес со освоени 907 бодови, на четврто место беше екипата на ООЦК Охрид со 902 бодови, а петтото место го делеа екипите на ООЦК Кочани и ГОЦК Ниш со 900 бодови.
Во областа на дисиминација најдобри резултати покажаа ООЦК Кочани, Пробиштип и Куманово.
Натпреварот се одвиваше според утврдено сценарио, во коректна и фер атмосфера.
На свеченото отворање на Државниот натпревар по прва помош се обратија претседателот на ООЦК Куманово д-р Нухи Јусуфи и претседателот на Црвен крст на РМ д-р Милчо Трајков, а на затворањето и прогласувањето на екипите учествуваа д-р Огнен Костовски претседател на Организациониот одбор, генералниот секретар на ЦКРМ д-р Саит Саити и претставник на Општина Куманово г-дин Жика Крстевски.