септември 23, 2019

Одржан 28-ми државен натпревар на екипите по прва помош

Црвениот крст на Република Северна Македонија на 21 и 22 септември 2019 година во Битола го организираше 28-от државен натпревар на екипите по прва помош.
На државниот натпревар по прва помош зема учество 28 екипи, каде натпреварот се одвиваше во две траектории, на секоја настапуваа по 14 екипи, се работеше на 7 работни места од кои 4 работни места беа од првата помош на кои беа опфатени 12 повреди и една реанимација за срцево-белодробно оживување, две работни места беа со забавно рекреативен карактер и на едно работно место имаше тематика за познавање од областа на дисеминација.

Свеченото отворање на Државниот натпревар на екипите по прва помош беше на 21.09.2019 во 11:30 часот кај градскиот парк – Битола и пред присутните се обратија претседателот на ООЦК Битола Д-р Лилјана Ристовска, градоначалникот на Општина Битола Наташа Петровска и претседателот на Црвениот крст на Република Северна Македонија проф. Д-р Ромел Велев.А прогласувањето на победниците беше на 22 .09.2019 во плоштад Магнолија – Битола и свечено ги подели пехарите генералниот секретар на   Црвениот крст на Република Северна Македонија д-р Саит Саити.

 

Првото место на натпреварот го освои екипата по прва помош на OOЦК Чаир.

Второто место го освои екипата по прва помош на ООЦК Битола.
Третото место и припадна на екипата по прва помош ООЦК Кочани.

На базата за дисеминација најдобри беа екипата на ООЦК Куманово која покажа најдобро познавање за Движењето, визијата и мисијата на Црвениот крст.

< врати се назад