октомври 15, 2021

Одржан работен состанок со секретари на ООЦК/ЦКГС

На 14.10.2021 во просториите на хотел Маrriott во Скопје се одржа работен состанок на Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ со секретари од Општинските организации на Црвен крст (ООЦК) и Црвен крст на град Скопје (ЦКГС).

За време на состанокот се дискутираа актуелни предизвици и состојби во рамки на делување на Црвениот крст на РСМ. Опфатени беа процесот на спроведување на проценка и анализа на работата на Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје за 2020 година, подготовки за спроведување на претстоен изборен процес во организацијата, развој на системот на работа со волонтери, предизвици во младинското работење и предизвици во координација и комуникација во организацијата.

< врати се назад