мај 18, 2022
Одржан регионален состанок за поддршка на националните планови за поддршка на населението во движење
Во периодот 17-18 мај 2022 година во Сараево, Босна и Херцеговина, се одржа регионален состанок организиран од страна на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина на кој учествуваа по двајца претставници од 7 Национални друштва од балканскиот регион. За време на состанокот се презентираа моменталните активности за поддршка на мигрантите во движење со акцент на лицата кои доаѓаат од Украина. Претставени беа можности за меѓусебна поддршка и алатки за планирање и известување на активности кои се имплементираат или кои би можеле да се имплементираат со поддршка на МФЦК.