април 12, 2022

Одржана обука за прва помош

Во период од 09-10.04.2022 во просториите на Црвен крст на Република Северна Македонија беше одржана обука по прва помош за нови предавачи и демонстратори за наставната програма за оспособување на кандидати за возачи на моторни возила за укажување на прва помош на лица повредени во сообраќајна незгода.

На обуката присуствуваа вкупно 20 кандидати од 6 Општински организации на Црвен крст Гевгелија, Велес, Крива Паланка, Битола, Прилеп, Куманово и Црвен крст на град Скопје од кои 12 кандидати за предавачи и 8 кандидати за демонстратори.

За време на обуката кандидатите земаа активно учество во практичниот дел од обуката, истовремено покажаа голем интерес и знаење што доведе до успешно спроведување на наставата.

Со овие обуки Црвениот крст на РСМ има за цел да создаде нови кадри на квалитетни предавачи и демонстратори кои на правилен и соодветен начин ќе го пренесат своето знаење од областа на прва помош на кандидатите за возачи на моторни возила.

< врати се назад