јануари 24, 2024
Одржана работилница со БОКА фасилитатори
Во периодот 22-23.01.2024 година во Скопје, тимот на БОКА фасилитатори на Црвениот крст на Република Северна Македонија одржаа работна средба за ревизија на алатката на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина и нејзино прилагодување во контекст на националното друштво. За време на средбата беше договорена динамика на одржување на проценки во 15 ООЦК заклучно со месец јуни 2024 година. Оваа методологија во 2023 година беше спроведена во вкупно 6 ООЦК, кои по процеката на своите организациски капацитети веќе работат на имплементација на локални развојни планови.