октомври 26, 2020

Одржани работни средби со секретари од ООЦК/ЦКГС

Во периодот 20-22.10.2020 година во Централната канцеларија на Црвен крст на РСМ одржани се работни средби со секретари на ООЦК/ЦКГС. За време на средбите дискутирани се тековните и претстојните предизвици и активности во повеќе области меѓу кои одговорот на Ковид-19, развојни аспекти на ООЦК/ЦКГС, спроведување на курсеви по прва помош за кандидати за возачи и работни оргнизации, програма за персонална асистенција за поддршка на стари лица и лица со посебни потреби и финансиски аспекти во работењето. Состаноците се одржаа согласно „Протоколите кои произлегуваат од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот“ пропишани од Владата на РСМ.

< врати се назад