Оглас за вработување
Црвениот крст на Република Северна Mакедонија е по потрага по Проектен асистент за проекти поддржани од Австриската Агенција за развој и Европската Комисија.
Позицијата подразбира вработување на определено време со 40 часа неделно.
Работно време: Понеделник до Петок : 08.00 до 16.00 часот.
Опис на работни задачи:
- учествува во подготовка на наративни и финансиски извештаи и реализација на проектните активности
- подготвува писма, дописи, листи на учесници, покани, агенди,информации, фотографии во согласност со потребите на проектите
- подготовка на барања за набавка, Услови за работење – ТоР, технички спецификации, на добра/услуги согласно проектните побарувања
- комуницира со меѓународни и локални партнери и донатори, го известува координаторот и со негова консултација ги превзема следните чекори во однос на имплементацијата на проектните активности;
- дава поддршка при планирање, подготовка и аплицирање на проекти базирано на организациските потреби;
- закажува и зема учество во средби и состаноци со релевантни партнери и донесувачи на одлуки на локално и регионално ниво во претходна координација со координаторот;
- остварува меѓународна комуникација за дејноста и за резултатите го информира координаторот;
- учествува на обуки, семинари и конференции на локално, регионално и меѓународно ниво;
- подготвува дневни, неделни, месечни и годишни планови за работа и реализираните активности;
- учествува или подготвува самостојно материјали за пошироката јавност во однос на проектните постигнувања
- врши супервизија на ангажираните консултанти
Потребни квалификации:
Работно искуство: Минимум една година работно искуство во работа со проекти поддржани од меѓународни организации.
Образование : Завршено високо образование од областа на општествените науки (бизнис администрација, маркетинг, менаџмент, јавна администрација, меѓународни односи, правни, политички студии, односи со јавност, социјални студии)
Јазик: Течно говорење и пишување на Англиски јазик.
Дигитални вештини: Познавање на работа со MS Office пакет (Word, Excel, Powerpoint), интернет, мејл апликации, комуникациски платформи Microsoft Teams, Zoom.
Други професионални квалификации, способности и вештини:
- Одлични комуникациски, презентациски и организациски вештини.
- Способност за стратешко планирање и критичко размислување
- Способност за добро менаџирање со време, луѓе и рокови
- Способност за самостојна работа под минимална супервизија ќе се смета за предност.
- Конзистентност, концизност и темелност во работата.
- Чувство за мултикултурализам и недискриминација
Почетна нето плата : 30.500,00 денари
Заинтересираните кандидати,на мејл адресите : tamara.grbevska@redcross.org.mk; stolevska@redcross.org.mk
потребно е да ги достават следните документи:
- Кратка биографија на англиски јазик
- Универзитетска диплома за завршено образование
- Кратко мотивациско писмо, со наведени минимум две професионални референци.
Селектираните кандидати ќе бидат повикани на индивидуално интервју.
Огласот трае до 12.07.2022 година до 15 часот.