Осма ЦКА-ПХВ онлајн работилница
На 11.03.2021 се одржа осмата ЦКА-ПХВ онлајн работилница со наслов „ Дигитална комуникација и комуникација на социјални мрежи “. Истата беше реализирана од ПХВ инструкторот Вјоса Исмаили.
Преку работилницата, учесниците се запознаа со терминот дигитален отпечаток, нашето позитивното влијание на социјалните медиуми и неговата важност и многу други интересни и корисни нешта. Учествуваа 110 учесници, волонтери од различни ООЦК.
Од присутните кои ги пополнија евалуациите, 83% се изјаснија дека работилницата е многу корисна, 86% дека е интерактивна и 83% се изјаснија дека работилницата е интересна. Сите, односно 100% би ја препорачале работилницата на своите врсници.
Некои од коментарите беа: „Бев многу импресионирана, супер примери”, “Севкупно ПХВ е проект со бескрајно преубави идеи“ ,“Одлична работилница, супер тема, а најмногу од с* ми се допадна квизот што го правевме!“ “Мислам дека ова е тема за која не се зборува често, а навистина е важна-Благодарам Вјоса “.
Продолжуваме заедно!