февруари 28, 2022

Остварена средба со Амбасадорката на Украина во Северна Македонија

На 28.02.2022 година се оствари средба на Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ д-р Саит Саити и Амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија д-р Наталија Задоружњик.

За време на средбата Украинската Амбасадорка Задорожњук информираше за моменталните иницијативи за поддршка на населението во Украина кое е зафатено со 8 годишниот конфликт на државата со соседна Русија кои во изминатите денови ескалираа со вооружен судир. Состојбите се следат и согласно потребите на населението Амбасадата е подготвена да иницира активности за мобилизирање на хуманитарна помош.

Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ Саити изрази сочувство и поддршка за зафатеното население и подготвеност да ја помогне иницијативата на Амбасадата за обезбедување на дополнителна хуманитарна поддршка. Исто така тој информираше дека Црвениот крст РСМ веќе е во контакт со партнерските организации на Движењето на Црвениот крст и Црвената полумесечина започна, а проактивно е започнато и мобилизирање на финансиски средства во самата структура на организацијата на Црвен крст на РСМ и со донации на граѓаните преку телефонски повици на посебно отворени телефонски линии за донација.

 

< врати се назад