СВЕЧЕНО ОТВАРАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЛОГИСТИКА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ
По повод 8 Мај, Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и Неделата на Црвениот крст на Република Македонија од 8 до15 мај, во населбата Момин Поток свечено беше пуштен во употреба реконструираниот Центар за логистика. Пред голем број граѓани и поканети гости, генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија, Саит Саити и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ја пресекоа црвената лента со што новиот објект и официјално започна со работа. Саити, истакна дека објектот бил реконструиран за рекордни 105 дена и целосно ќе ги задоволува потребите на организацијата. Центарот за логистика е изграден со помош на Германски Црвен крст, Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, УНХЦР и Прокредит банка А.Д.