март 17, 2015

Отворање на музејска поставка во Црвениот крст на РМ

Црвениот крст на Република Македонија во пресрет на главното одбележување на 70 годишниот јубилеј од своето институционално основање на 17 март, вчера на 16 март во просториите на седиштето на Организацијата во присуство на гости, претставници на национални друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина свечено ја отвори музејската поставка која отсликува дел од значајните обележја од формирањето до денес.

Во своето обраќање Генералниот секретар на Црвениот крст на РМ д-р Саит Саити се заблагодари за присуството на странските гости и даде краток осврт на активностите во изминатиот период. Упатена е голема благодарност до донаторите ЕВН АД Скопје и КНАУФ. Посебна благодарност на проф.д-р Крсте Богоески и г-ца Зоја Богдановска, Виш кустос во Музејот на град Скопје, кои активно учествуваа во истражувањето и подготовката на поставката и брошурата посветена на истата. Проф. Богоески конкретно ги појасни активностите за овој изложбен дел и се заблагодари што со својот придонес го збогатува ова одбележување.

DSC_0160615

DSC_0151615

< врати се назад