август 29, 2023

Отворен новиот Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење

Во општината Крива Паланка на 28.08.2023 беше отворен новиот Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење. Центарот е дел од социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика, а давател на оваа социјална услуга е Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Крива Паланка.

На отворањето присутни беа Генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ  Саит Саити, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски и други гости.

Дневниот центарот за престој на стари лица со активно стареење е наменет за пензионери со навршени 65 години, а во рамките на оваа услуга тие добиваат пристап до конкретни активности.

< врати се назад