Red Cross Shape
    Search Icon
    mk-flagal-flagen-flag
Парична помош за семејствата на загинатите во пожарот во Ковид Центарот во Тетово

2021-09-09

Парична помош за семејствата на загинатите во пожарот во Ковид Центарот во Тетово

Црвениот крст на Република Северна Македонија уште еднаш длабоко сочувствува со семејствата на загинатите и повредените граѓани во трагичниот пожар во Ковид Центарот во Тетово кој се случи во вечерните часови на 08 Септември 2021 година.

Во овие тешки моменти на загуба на најблиските, во знак на солидарност и хуман гест, на семејствата на загинатите граѓани Црвениот крст на Република Северна Македонија ќе им додели еднократна парична помош во висина од 30.000,00 ден по семејство.