септември 20, 2018

ПХВ НЕДЕЛА

Неделата на ПХВ (Промоција на хумани вредности) со одлука на РО на ЦКРМ се одбележува од 2012 година е и дел од традиционалниот календар на Црвен крст на РМ. Целите на неделата се: промовирање на културата, мирот, соживотот и толеранцијата, активирање на младите во летниот период, локална промоција на клубовите на млади во секој град, промоција на Црвениот крст и промена на дневна рутина на младите.

Идејата е во неделата истата група млади, кои ги изработувале малите проекти од овогодишниот циклус повторно да се анимираат, на интересен начин да се вклучат и да се поттикне да бидат креативни и на креативен начин да ја презентираат организацијата.

Некаде околу 900 младинци секоја година се анимираат, а некаде околу 6.000 луѓе ги проследуваат настаните на национално ниво.

Активностите се унифицирани, со цел пораката помоќно да биде пренесена на ниво на секоја ООЦК, но и на национално ниво. Ова година секоја ООЦК ќе прави настан на кој се покануваат тројца претставници,  од градот каде се одбележува неделата,  кои се позитивен пример и кои треба да ја споделат својата приказна, што направиле за својата заедница. Нивната приказна треба да биде мотивирачка и навистина да предизвика кај публиката желба да се вклучат со волонтерскиот ангажман.

На крај на настанот предвидено е свечено да им се доделат дипломите на младинците кои оваа година ги сработиле малите ПХВ проекти. На тој начин ќе го уважиме нивниот труд, а и ќе ги мотивираме да продолжат да волонтираат во редовите на организацијата.  Ќе бидат презентирани и малите проекти за да дознае публиката што направиле младинците за добробит на својата заедница и дека покрај говорниците и тие се нашите локални херои.

Ова година во рамките на програмата се изработени 150 мали проекти, беа вложени 26.199 волонтерски часа и им беше помогнато на 3.183 лица од страна на 1.036 младинци.

< врати се назад